27 Април, 2024
0.0250

Иванка Трамп ги советува жените како да балансираат помеѓу кариерата и семејството

Објавено во: Стил 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Иванка Трамп објави втора книга - „Жените, кои работат: препишување на правилата за успех“.

Во неа ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и негова советничка им дава совети на жените за нивната кариера и како да балансираат помеѓу семејството и професијата.

„Да се ​​чувствувам удобно, изразувајќи се себе како жена на извршен директор со деца, беше голема авантура за мене“, пишува во книгата 35-годишната Иванка.

Трамп и сопругот Џаред Кушнер кој е главен советник на претседателот, имаат три деца и до изборите немале политичко искуство. Во даночната декларација од март тие посочуваат дека поседуваат околу 240 милиони долари во средства и се корисници на поголема бизнис империја во износ од 741 милиони долари. Иванка сеуште го поседува и модниот бизнис, иако експерти по етика ја советувале да се откаже, за да спречи конфликт на интереси.

Поголем дел од нејзината книга е напишана пред нејзиниот татко да биде избран за претседател минатиот ноември.

„За време на кампањата, во која бев исклучително задолжена, минав во режим на пауза. Работев и бев со семејството, не правев ништо друго. Искрено, не си дозволував да одам на масажа или пак да одвојува време само за себе. Имав потреба да се будам 20 минути порано, за да медитирам.“

Иванка ќе ги донира приходите од книгата „Жените кои работат: препишување на правилата за успех“ за добротворни цели. Таа, исто така, одлучи да не ја промовира својата книга, за да спречи негативни коментари дека користи несоодветно влијание во Белата куќа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти