Иванка Трамп: Изјавите на татко ми се навредливи за жените
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Иванка Трамп, ќерката и една од предводничките на кампањата на милијардерот Доналд Трамп, конечно се огласи за протечената снимка од 2005-та во која тој раскажува како постапувал со жените, дека ги фаќал за вагината само затоа што е познат и тие тоа му го дозволувале.
Иванка изјави дека ваквото однесување е навредливо за жените, но добро е што Доналд Трамп најпрво му се извинил на своето семејство, а потоа и на американскиот народ. Грубите коментари на Трамп асоцираа на сексуална злоупотреба и напад и се најде на жестоки критики.
Аналитичарите укажуваат дека на анкетите Трамп ја губи довербата меѓу жените гласачи кои се згрозени од неговите изјави.