06 Мај, 2024
0.0296

Иванов бара писмени гаранции за откажување од Тиранската платформа?!

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На почетокот на следната недела ќе се одржи средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на државата Горѓе Иванов, а до крајот на неделата ќе се знае дали Иванов ќе му го додели мандатот за состав на нова Влада на Заев.  

На средбата, Заев ќе треба да ги однесе писмените гаранциите за зачувување на унитарноста со кои сега Иванов го условува доделувањето на мандатот за состав на нова Влада.

Според информациите,  засега постои комуникација помеѓу претставници од СДСМ и претставници од Кабинетот на шефот на државата, околу усогласување на текстот на гаранциите  што се бараат и кои се подготвуваат. Од извори кои се задолжени токму за оваа комуникација на релација СДСМ – Кабинет на претседател на Република Македонија, се дознава дека шефот на државата бара во писимените гаранции што ќе му бидат доставени да се наведе и дека „Тиранската платформа“ нема да биде основа за формирање на Влада, односно практично тоа значи дека се бара писмено откажување од „Тиранската платформа“.  

При тоа, ваквите ставови на Иванов во поглед на отфрлање на „Тиранската платформа“ и натаму биле цврсти, одејќи дотаму што доколку не бидат понудени во писмена форма, мандатот за состав на нова Влада нема да биде доделен, но доколку се најде соодветна формулација со која писмено ќе се гарантира дека Декларацијата потпишана од албанските партии во Тирана нема да биде основа за формирање на нова Влада – тогаш Иванов ќе го дели мандатот за состав на нова Влада на Заев.

Покрај гаранциите за откажување од „Тиранската платформа“, Заев исто така писмено ќе треба да гарантира и дека ќе биде зачуван територијалниот интегритет, суверенитет и независност на државата, како и тоа дека нема да има редефинирање на државата.  

Програмата што СДСМ ја објави неодамна, како програма на новата Влада, и за која посочи дека е доказ оти не се нарушува унитарноста на државата, за претседателот Иванов не биле доволни. Односно,  само врз основа на таа програма било посочено дека мандатот нема да биде доделен, со образложение дека тоа е програма што СДСМ треба да ја презентира во Собранието -  кога ќе се избира Владата, а Иванов  барал цврсти гаранции за зачувување на унитарноста во писимена форма.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пак посочи дека гаранциите се подготвуваат и дека ќе бидат доставени до претседателот на државата Горѓе Иванов, по што очекува дека мандатот за соатав на Влада ќе биде доделен. Но, сепак деновиве јасно беше кажано и дека доколку Иванов не го додели мандатот , тогаш парламентарното мнозинство сепак ќе избере влада во Совранието. Претседателот на Собранието, Талат Џафери пак посочи дека сите негови обврски кон Иванов се завршени со тоа шшто му го пратил писмото дека посттои парламентарно мнозинство, и дека доколку до петок Иванов не го додели мандатот тогаш во Собранието ќе биде свикана седница и избрната новата влада.

Проблемот со Тиранската платформа се појави откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира влада и пропаднаа преговорите со ДУИ. Но, тогаш, ниту за претседателот Иванов, ниту за ВМРО-ДПМНЕ не постоеше проблем со декларацијата што ја потпиштаа алабанските партии во Тирана и која беше на маса и кога водеа преговори со ВМРО-ДПМНЕ. 

Тиранската платформа стана пречка за доделување на мандатот, тогаш кога СДСМ и албанските партии успеаа да ппостигнат договор  а потоа и да формираат парламентарно мнозинтсво.

Иако се чинеше дека по средбата со високиот американски претставник Хојт Ји,  Иванов го омекна ставот околу Тиранската платформа сепак неколку недели подоцна, истата повторно се активираше во писмено соопштение од Кабинетот на Иванов.

Експертите, постојано укажуваат дека Иванов, со изговор оти го штити Уставот и државата всушност го крши  Уставот со тоа што го условува доделувањето на мандaтoт за состав на нова влада. 

Можеби ќе ве интересира

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово