21 Септември, 2017
0.0923

Иванов од Унгарија „удри“ врз ЕУ

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017

Во пресрет на денешната работна посета на Унгарија, претседателот Ѓорге Иванов и се заблагодари на таа земја на конструктивната улога во управувањето на бегалската криза и давање на позитивен пример на регионално партнерство и соработка.

Иванов, од друга страна, оценил дека ЕУ не успеала на одговарачки начин да управува со бегалската криза, наместо финансиска помош, на Македонија и обезбедила само опрема, а и неа во недоволни количини, навел Иванов, истакнувајќи дека земјава потрошила 1,5 милиони евра месечно на војската и полицијата како би го запрела бегалскиот бран.

Шефот на државата оценил дека земјите членки на Вишеградската група биле од многу поголема помош со што испратиле полицајци и донации во Македонија и ја зајакнале безбедносната соработка како би помогнале во управување со кризата и спречиле безбедносни ризици.

Претседателот потсетил дека земјава е прва која не е членка ни на ЕУ , ни на НАТО,  а која прогласила вонредна состојба како би запрела нелегалната миграција. Тој оценил дека Македонија управува со бегалската криза поефикасно од неколку европски земји, па дури и насред, како што нагласил „длабоката национална политичка криза“.

„Парадоксално, таа ја штити Европа од државите членки на ЕУ која не е во состојба да ја држи под контрола и едноставно ги насочува бегалците кон континентот“, заклучил Иванов.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен Игор Југ-еден од насилниците кои упаднаа во Собрание на „крвавиот четврток“

Уапсен Игор Југ-еден од насилниците кои упаднаа во Собрание на „крвавиот четврток“

Рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип доби амин од пратениците за пролонгирање

Рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип доби амин од пратениците за пролонгирање

Како Штајнмец го изгуби ФЕНИ и кој е новиот газда?

Како Штајнмец го изгуби ФЕНИ и кој е новиот газда?

ИНТЕРВЈУ БОРЗАН: Докажавме дека некои светски брендови немаат ист квалитет во побогатите и посиромашните земји

ИНТЕРВЈУ БОРЗАН: Докажавме дека некои светски брендови немаат ист квалитет во побогатите и посиромашните земји

Јавни набавки: Една цена во тендерот, друга во договорот!?

Јавни набавки: Една цена во тендерот, друга во договорот!?

МНР: Има ли повредени македонски државјани во Мексико?

МНР: Има ли повредени македонски државјани во Мексико?

Малчески се приклучи на реформаторите: Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата

Малчески се приклучи на реформаторите: Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата

Груевски и Мијалков си ги бараат пасошите - им биле потребни за службени патувања

Груевски и Мијалков си ги бараат пасошите - им биле потребни за службени патувања

Што предвидува предлог-законот за амнестија?

Што предвидува предлог-законот за амнестија?