Иванов во Анкара: Поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде уште еден поттик за реформските процеси
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018
Со највисоки државни почести турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го пречека претседателот Ѓорѓе Иванов во претседателската палата во турската престолнина - Анкара.
Тие разговараа за актуелните политички случувања во Турција, Македонија и регионот. Претседателот Иванов изрази благодарност до државниот врв за поддршката од Турција зa членство на Македонија во НАТО алијансата.
„Поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде уште еден поттик за реформските процеси во земјата“ - изјави Иванов.
Иванов се сретна и со премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на Собранието на Турција, Исмаил Караман. Тие разменија мислења за билатералните односи меѓу земјите, а се очекува и продлaбочување на соработката меѓу безбедносните служби на двете земји и изнаоѓање на ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење на насилен екстремизaм и тероризам.
Иванов положи венец во мавзолејот на Кемал Ататурк.