01 Мај, 2024
0.0328

ИЗБЕГАЛЕ ОД ИДРИЗОВО И НИЗ СКОПЈЕ СИ СЕ ВОЗЕЛЕ СО ГОЛФ: Полицијата ги врати зад решетки

Објавено во: Македонија 11 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Вчера околу 16.45 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско. 

Како што информираат од МВР, вчера, околу девет часот тие побегнале од Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде што биле на издржување казна затвор.

 „Имено, по преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната. Тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната“, информираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ