ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР - Владимир Бошковиќ на чело на Сбербанк Србија
Објавено во: Финансии 24 Јуни, 2021
Владимир Бошковиќ, сегашен член на Извршниот одбор задолжен за корпоративно банкарство и глобални пазари, ќе биде назначен за нов претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Србија.
Бошковиќ ќе ја преземе својата нова позиција на 1 август 2021 година и ќе ја наследи Маријана Василеску, која ќе стане претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Чешка.
“За мене е голема чест да ја преземам исклучително одговорната позиција на претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Србија. Моја желба е нашата банка да продолжи со развој на своите услуги и нивно натамошно дигитализирање и во наредниот период, обезбедувајќи модерни и квалитетни банкарски услуги на сите клиенти“, потенцираше Владимир Бошковиќ по повод именувањето за нов претседател на Извршен одбор на Сбербанк Србија.
„Би сакал да и се заблагодарам на Маријана за нејзиното исклучително управување со Банката во изминатите години, како и за силниот придонес кон одличните финансиски резултати и континуираниот развој на Сбербанк Србија. Драго ми е што позицијата претседател на Извршниот одбор во Србија ја презема Владимир Бошковиќ и што нашата банка во Србија ќе го продолжи својот успешен бизнис. Владимир е исклучително посветен менаџер со постојан фокус на градење тимски дух и развој на вработените. Убеден сум дека Владимир и неговиот тим ќе продолжат да спроведуваат одлични иницијативи кои ќе придонесат за натамошно зајакнување на нашата позиција на пазарот и подобрување на бизнисот во Србија“, рече Соња Саркози, претседател на Извршниот одбор на Групацијата Сбербанк Европа.