02 Мај, 2024
0.0254

Избрани десет тимови што ќе работат на дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

На отворениот повик до млади иноватори за инклузија на деца и лица со попреченост што во октомври го објавија УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се пријавија 50 тимови од 220 млади на возраст од 14 до 24 години.

Од пријавените, избрани се 10 тимa – финалисти кои ќе работат на предизвикот: Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот.


Тимовите почнаа да работат на пред-работилници што се одржаа на 29 и 30 ноемврикадешто се запознаа со основите на асистивната технологија и дигитална инклузија и заедно со ментори од Македонски Телеком работеа на формулирање на своите идеи, кои ќе се развиваат во наредните две недели.


На работилниците коишто ќе се случуваат од 13 до 15 декември 2019, ќе бидат избрани најдобрите пет идеи кои ќе бидат наградени со финансиски средства и со менторска поддршка.

Во јуни 2020 година, двете најдобри решенија од финалето во земјата ќе влезат во светскиот избор на глобалниот младински предизвик „Generation Unlimited 2019/20“ што се одвива во над 40 земји низ светот.


Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство во јуни годинава, мотивирани од потребата за намалување на дигиталниот јаз и користење на технологијата за еднаква вклученост на децата и лицата со попреченост во дигиталното општество.

Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ и на Фондацијата Телеком за Македонија се реализира во соработка со СмартАп и Македонскиот извиднички сојуз.


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа