27 Април, 2024
0.0274

Избрани новите членови на Одборот на Директори на АмЧам Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На редовното 17-то по ред годишно Генерално Собрание, повеќе од 62 претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) ги избраа следните членови на Одборот на Директори, со мандат од 2 (две) години:

  • Јелена Арсовска, Генерален Директор, Меккен ДОО – Скопје;
  • Радош Вукичевиќ, Главен Извршен Директор, ВВ Тиквеш АД – Скопје.


Претседателот на Одборот на Директори, Славко Пројкоски, го отвори настанот потенцирајќи го доприносот на волонтерите и претставниците на АмЧам, кои несебично помагаат и ја споделуваат својата експертиза кон подобрувањето на деловните практики и локалната легислатива. Исто така, ја нагласи потребата од континуиран позитивен притисок од компаниите врз владата за инвестиција во ресурси кои овозможуваат поефикасно спроведување на законите, избегнување на правната несигурност и ненадејните законски промени кои влијаат на бизнис заедницата и локалната економија.

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, потенцираше дека „бизнис лидерите можат да влијаат за зајакнување на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата само доколку се држат себеси како одговорни во однос на високите општествени стандарди на чесност, интегритет и почит. Години наназад, АмЧам поддржува програми за промовирање на отчетност, транспарентност и добро владеење. Амбасадата силно ги поддржува овие напори и е горд партнер во нив."


Извршниот Директор на АмЧам Македонија, Мишел Османли, ги презентираше активностите кои ги превзема организацијата со цел промоција на лојалната конкуренција, зголемување на ефективноста на носењето и спроведувањето на законите, како и зголемувањето на учеството на бизнис заедницата во општо-корисни проекти и одговорна бизнис пракса. Таа потенцираше дека и покрај значајните економски предизвици со кои се соочува нашата земја, забележано е стабилно зголемување на бројот на членки за 20% во последните 4 години.

АмЧам Македонија ја сочинуваат 118 организации од различни сектори и нашите членки се посветени на зајакнувањето на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина. Членките на АмЧам претставуваат значаен дел од Македонската економија. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“