18 Мај, 2024
0.0291

ИЗДВОЈУВАМЕ: Најдобрите совети во шест клучни зборови!

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Знаеме дека највредните совети можат да дојдат од најнеочекувани извори и во неочекувана форма. Лери Смит е основач на списанието Smith и често ги моли луѓето да споделуваат приказни само во 6 зборови.

Неодамна тој објави книга со наслов „Најдобрите совети во 6 зборови: Писатели, познати и не толку, за љубовта, сексот, парите, пријателството, семејството, работата и многу-многу други“. Во книгата наоѓаат место мислења и увид на луѓе кои се лидери во областа на технологијата, бизнисот, шоуто, политиката итн .

Кој е најдобриот совет во 6 зборови? Фрлете поглед и инспирирајте се!

„Добрите приказни секогаш ги победуваат електронските таблици“ -Крис Сака

Крис Сака е претприемач, советник за стартапи и инвеститор. Неговиот фонд „Lowercase Capital“ инвестираше во многу големи компании, меѓу кои „Kickstarter“, „Twitter“ и „Uber“.

Пред да создаде фонд, тој работи како адвокат во телекомуникациите, медиумите и технологијата. Дури е советник на Барак Обама за време на неговата кампања во 2008 година.

„Прво луѓето, потоа се парите“ - Суз Орман

Суз Орман е експерт за лични финансии. Добитник на наградата „Еми“. Освен тоа е мотивациски говорник. Пред да почне да ја споделува мудрост за управување со пари, Орман работела како келнерка и сметководител во „Merrill Lynch“.

„Биди меѓу изведувачите, а не сонувач“ - Шонда Раимс

Шонда Раимс е писател и продуцент. Автор на книга мемоари „Годината на “да““. Раимс е творец на сериите „Вовед во анатомија“ и „Скандал“.

„Сподели ја својата историја и промени го светот“- Џорџ Такеи

Џорџ Такеи е актер, режисер, автор и активист за правата на лицата со различна сексуална ориентација. Популарен е со различните улоги во филмвите. Има 1,77 милиони следбеници на Twitter.

„Ти: просекот од 5 најблиски пријатели“ -Тим Ферис

Тим Ферис е блогер, најдобро продаван автор на „New York Times“, портпарол и инвеститор. Автор е на популарната книга „4-часовна работна недела“ а исто така на „4-часовниот шеф“ и „4-часовното тело“.

„Доверувај му се на умот, обликува го задникот“ - Сара Беикли

Сара е милијардер, основач на Spanx. Ја основала компанијата со 5 000 долари. Пред тоа работела во еден од парковите на Disney и продавала факс машини од врата на врата.

„Скокајод карпи. Носи шлем, кармин“ - Тифани Шлеин

Тифани е говорник, автор и добитник на филмската награда. Основач на наградите Webby. Основа филмско студио наречено Moxie Institute.