18 Мај, 2024
0.0288

Изгаснат пожарот кај делчевско Разловци, од Општина Делчево апелираат да се заштити шумското богатство од пожари

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Пожарот кој беснееше вчера на планината Средна на потегот од месноста Светите Води до м.в. Ќурчиски колиби во атарот на селата Разловци и Тработивиште, од синоќа околу 19.00 ч беше ставен под контрола, по што е изгаснат. Од утрово екипи на ЈП Национални шуми се на терен и вршат обиколка на опожарената површина и контрола на теренот со цел навремена реакција при евентуално повторно разгорување на пожарот, соопштуваат од општина Делчево.

Согласно со првичните податоци од РЦУК- Делчево опожарена е површина од околу 40 хектари со сува трева, нискостеблеста шума и борова и дабова шума.

 Во гаснењето на огнената стихија активно беа вклучени 30-ина лица и тоа: екипи од ТППЕ Делчево, од ЈП Национални шуми-Подружница „Голак“ Делчево, од Доброволното противпожарно друштво од Делчево, екипи од РЦ-Исток, од ОВР Делчево, како и месно население со механизација. Исто така, во гаснењето на пожарот имало и воздушна поддршка од хеликоптер на АРМ. Овој прв посериозен пожар годинава, повторно го вклучи алармот и кај сите надлежни институции, но и кај граѓаните и го потенцира прашањето за човечката одговорност за заштита од пожари на шумското богатство - се наведува во соопштението.

Во таа смисла, а имајќи ги предвид актуелната временска состојба, високите температури и бујната вегетација, Општина Делчево апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни при евентуален престој на отворен простор. Напоменуваме и дека е на сила делумна забрана за движење и престој во шумите во период од 06 ч до 20 ч. и до колку забележат евентуална појава на пожар веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 193, 192 или на 112.

Да не се дозволи да ни се повторат минатогодишните апокалиптични пожари кои беснееја на планината Средна во периодот од 02.08 – 10.08.2021 година, каде согласно податоците на ЈП Национални шуми „Голак“ Делчево беше опожарена површина од 2.287,00 хектари, 230.987 м3 изгорена дрвна маса и вкупно причинета материјална штета на шумите во висина од 529.073,832 денари. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“