26 Април, 2024
0.0271

ИЗГОР КИРИИ: Ова се градовите во кои е најскапо да се изјнами стан со 2 спални

Објавено во: Стил 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Трошоците за изнајмување често „јадат“ голем дел од приходите, без разлика во кој дел од светот живеете.

Но ако ги погледнеме средните цени за изнајмување на стан со 2 спални во некои од најголемите градови во светот, ќе видиме дека цените варираат во широк спектар - од 300 долари во Бангалор, Индија, до 3400 долари во Сан Франциско, САД, според извештај на Дојче банк.

Документот користи цени од сајтот Expatistan кој ги следи трошоците на странските професионалци кои работат во повеќе од 200 земји. Таму се наведени месечни кирии на средната класа стан со 2 спални во речиси 50 градови, пишува Бизнис инсајдер.

Видете во кои градови киријата е најскапа, пресметана во американски долари.

21. Торонто, Канада - 1377 долари

20. Чикаго, САД - 1441 долари

19. Франкфурт, Германија - 1463 долари

18. Оукленд, Нов Зеланд - 1512 долари

17. Хелсинки, Финска - 1547 долари

16. Копенхаген, Данска - 1548 долари

15. Амстердам, Холандија - 1570 долари

14. Мелбурн, Австралија - 1658 долари

13. Даблин, Ирска - 1694 долари

12. Осло, Норвешка - 1830 долари

11. Сингапур - 1884 долари

10. Токио, Јапонија - 2010 долари

9. Сиднеј, Австралија - 2134 долари

8. Бостон, САД - 2225 долари

7. Париз, Франција - 2289 долари

6. Единбург, Шкотска - 2361 долари

5. Цирих, Швајцарија - 2520 долари

4. Лондон, Велика Британија - 2617 долари

3. Њујорк, САД - 2909 долари

2. Хонгконг - 3237 долари

1. Сан Франциско, САД - 3449 долари

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти