Изгореа монтажни контејнери на „Градба промет“
Објавено во: Македонија 13 Август, 2023
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска информира дека во пожар што избувнал кај сепарацијата кај Росоман изгореа модуларни контејнери.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола.
„Со едно возило и двајца пожарникари од ТППЕ Кавадарци се интервенираше на пожар кој настанал во близина на Росоман, на сепарацијата на „Градба промет“. Како што информираа од ТППЕ Кавадарци, не е настаната поголема материјална штета. Изгорела сува трева, бандера и модуларни контејнери“, информираше Јанчев.
Дополнително,шест пожарникари, две возила од ТППЕ Кавадарци и шумското, интервенирале на пожарот кој настана во населба Брушани, Тиквешко езеро. Пожарот е локализиран, под контрола и нема поголеми штети.