Изгребан автомобилот на Апасиев пред Собрание
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека некој му го оштетил автомобилот марка „алфа ромео“ додека тој како пратеник бил во Собранието.
„Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден“, напиша претседателот на опозициската партија, при тоа објавувајќи фотографија на Фејсбук.
Апасиев како новоизбран пратеник пред две години рече дека автомобилот припаѓа на неговата сопруга, а таа тогаш објави дека актуелната вредност на возилото е 2.000 евра.