Излегоа првите анкети, СДСМ води според МЦМС
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Политичките партии ги добија првите анкети во пресрет на локалните избори од кои можат да добијат увид за расположението на гласачкото тело. Во обемната анкета на МЦМС која е нарачана и објавена од Телма за прв пат по долги години СДСМ покажува предност од 3% во однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа анкета во речиси сите елементи СДСМ има подобри резултати, особено во задоволството на граѓаните од новата влада кое изнесува речиси 60%. Исто така за прв пат Никола Груевски има пад на рејтингот кој е помал од партијата која ја предводи, за разлика пак од него премиерот Зоран Заев има раст на рејтингот.
Од друга страна пак, анкетите кои ги објави „Павел Шатев“ се прикажува водство на ВМРО-ДПМНЕ, но истите ретко се земаат во предвид бидејќи често се фаворизира оваа партија.