02 Мај, 2024
0.0280

Излегувањето на еврозоната од рецесија ги поттикна европските берзи

Објавено во: Анализа 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Со мали исклучоци главните европски индекси ја завршија денешната сесија со раст откако инвеститорите ги поздравија податоците за бруто-домашниот производ во еврозоната во периодот април-јуни, со кои што се покажува сека еврозоната излегува од рецесија по 6 квартали, соопшти MarketWatch. Како што официјално потврди Евростат,  растот од 0,3% е повисок од очекуваниот, затоа што проценките на аналитичарите беа за раст на БДП меѓу 0,1% и 0,2%  за периодот април-јуни.Во периодот јануари-март тој беше намалил за 0,3%. Според Викторија Кларк, економист во „Investec Securities“, оптимистичките податоци за економскиот раст во еврозоната веќе во голема мера биле пресметани во цените и тоа објаснува зошто индексите немаа уште посериозни добивки денеска. „Неодамна бевме сведоци на серија податоци од студии кои беа малку повеќе позитивни, и навистина - БДП е малку подобар од очекуваниот, но сеуште е во опсег, очекуван од луѓето. Па затоа не видовме голем раст на индексите денес ", изјави Кларк. „Беше добар водечки наслов за печатот, но за пазарите ова не беше целосно вест", додаде таа. Други аналитичари сметаат дека иако податоците даваат розова слика, премногу е рано да се зборува за одржливо закрепнување. Том Роџерс, виш економист во Одделот за европски прогнози на „Ernst & Young“, изјави дека дури и во земјите со силно забрзување на темпото на наплата не е веројатно тоа да биде одржливо и во втората половина на годината. „Податоците за продажбата на мало од минатата недела ја истакнаа слабоста на куповната моќ на домаќинствата дури и во северниот дел на континентот, кредитите се уште се свртуваат кон компаниите во одредени земји, а побарувачката од новите пазари се забавува", истакнува Роџерс. Францускиот индекс CAC 40 напредуваше со 0,53% до 4 114,20 поени, откако стана јасно дека економијата на земјата е зголемена за 0,5%, над очекувањата на аналитичарите. Акциите на Gemalto NV додадоа  5,2% на својата вредност до 86,12 евра, а оние на Alstom SA поскапеа за 2,3% до 27,55 евра. Пазарната капитализација на Danone SA сепак се намали за 0,8% до 59,20 евра за акција. Во Германија DAX 30 додаде 0,27% до 8 438,12 поени, откако беше објавено дека и германската економија забележа квартален раст над првичните проекции кој достигна 0,7%. Британскиот индекс FTSE 100 се намали за 0,37% до 6 587,43 поени иако податоците на Канцеларијата за национална статистика покажаа дека невработеноста во јуни се задржа на ниво од 7,8%, но бројот на првични барања за помош за невработени Британци е намален за 29 200 лица во јули додека очекувањата на аналитичарите беа за доста понизок резултат.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад