27 Април, 2024
0.0263

Изложбата „Вевчански видувања 2019“ од вечерва во НЛБ Галерија

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на 16 декември (понеделник) во19 часот во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2019.

Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички ја најдоа уметниците: Васил Ташкоски, Коле Манев, Ефтим Ристов, Синиша Кашавелски , Ставре Димитров Стадим, Томе Мишев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Павле Кузманоски, Даниела Димческа, Илија Спасовски-Чендо, Петар Попчев, Владимир Симеонов и Драган Верговски од Република Македонија, како и уметниците Федор Сухинин (Русија), Бисенија Терезченко (Србија), Жељан Павиќ (Хрватска), Оливера Протич (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Натали Бергерон (Франција),  Петар Белишки (Бугарија), Софиа Амперидон (Грција), Димитра Клирономоу (Грција), Пивос Танос (Грција), Поебе Коутселос (Грција), Зисис Блиаткас (Грција), Анастасис Блиаткас (Грција), Иван Коциќ (Србија), Фани Скоуликиди (Грција) и Марина Лито (Грција).

Во знакот на децениското постоење, традиционално на крајот на месецот јуни, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија досега беа изложувани во светски уметнички центри како во Подгорица- Црна Гора, Софија- Бугарија, Њујорк- САД, Москва- Русија и Париз- Франција.

Изложбата ќе биде отворена до7.01.2020 година.


Можеби ќе ве интересира

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“