26 Април, 2024
0.0327

Измами на патување кои треба да ги избегнете

Објавено во: Стил 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

При патување важно е да знаете какви се измами има, како да ги спречите и каде да реагирате ако се случат. 

Таксистите околу аеродромите се вадат со расипан таксиметар за да земат повеќе пари од туристите. Ако ви кажат дека таксиметарот не работи, или симнете се од такси возилото или договорете се за цената. Вакви измами има во африканските земји или во средна Америка. 

Пријателски настроени луѓе доаѓаат и ви ставаат на раката бројаница за среќа на патот. Потоа за истото бараат пари. Ако ова не ви се допаѓа, не дозволувајте да ви стават било што на раката. 

Во големите градови и туристички места, се појавуваат и лажни полицајци. Не наседнувајте на вакви измами. 

Сигналот за аларм треба да ви се вклучи, ако некој дојде на банкомат и се понуди да ви помогне. Одбијте ваква понуда. 

Често ќе сретнете и луѓе кои просат или деца. Дел од нив имаат реални проблеми, но некои ја користат ситуацијата за да извлечат пари. 

Се појавуваат и продавачи на скап накит, кои всушност нудат фалсификат, накит кој нема вредност. 






Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти