17 Мај, 2024
0.0316

Измени во Законот за ДДВ

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Трајна примена на повластената стапка од 5 %  данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност кои по предлог на Министерството за финансии се усвоени од Владата на Република Македонија. Со измените е предвидено и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра. Со предложените измени на законот, како што соопшти Минитерството за финансии, ќе се пропише трајна примена на повластената стапка од 5 % за промет и увоз на компјутери, термални сончеви системи и компјутерски софтвер.  Целта на примената на трајната повластена стапка е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, но и овозможување на поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина. Рокот за повластената стапка за овие добра и услуги истекуваше на 31 декември 2012 година. Со ослободувањето од ДДВ кај малите пратки ќе се овозможи олеснување на постапката при увоз, а ќе се влијание на унапредување на електронската трговија во земјата. Ова ослободување не важи за тутун, алкохол и за парфеми.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА