30 Април, 2024
0.0269

ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ: Животниот стандард на Македонецот – далеку од просекот на Европеецот!

Објавено во: Анализа 17 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Без да утврди напредок во финансиските и буџетските одредби, со оценка дека Јавниот Долг загрижувачки расте, но земјата е сеуште во зоната на умерена задолженост, Европската Унија ја сумираше изминатата економска година. Во извештајот пишува: „Просечниот Бруто Домашен Производ по глава на  жител, според куповната моќ, остана на 35 % во однос на европскиот просек. Финасирањето на трговскиот дефицит повеќе се потпира на странските кредити отоколку на странските директни инвестиции. Бруто надворешниот долг се зголеми на 65% од БДП на крајот на првиот квартал 2013 година, од претходните 62 %. Зголемувањето е главно резултат на надворешното финансирање. Јавниот Долг на државата достигна 33,6% од БДП и се додава : „Додека монетарната политика ја обезбеди клучната поддршка за макроекономската стабилност, фискалната дисциплина ослабе  Јавните финансии можат да имаат поголем придонес за стабилноста. “ Во делот за јавната администрација, Европската Комисија констатира дека се потребни дополнителни напори. „Во јавната администрација, генерално, продолжува работата на новата законска рамка за вработувањето во јавниот сектор, што треба да ги обедини правилата и основните принципи на транспарентност и заслуги. Потребни се дополнителни напори за да се гарантира професионализмот и независноста на јавната администрација.“ – оценува Брисел. Еве дел од оценките на Европската комисија: Даночна политика Во областа на директното оданочување, Законот за персонален данок на доход беше изменет како и одложувањето на примената на оданочување на капитални добивки од продажба на хартии од вредност до 2016 година и одложување на примената на оданочување на каматите на депозитите до пристапувањето. Усогласувањата со постоечките директиви допрва треба да се решат. Законот за развојните технолошки и индустриски зони треба да се усогласи со Кодексот на однесување на ЕУ за Бизнис оданочување.  Акциониот план за намалување на сивата економија беше надграден . Сепак, борбата против даночно затајување и сивата економија останува предизвик. Оперативен капацитет и ИТ инфраструктура , особено, треба да се подобри. ОЦЕНКА : Постигнат е одреден напредок. Потребни се дополнителни напори за натамошно  усогласување на директните и индиректното законодавство и како и да се постигне и одржува навремената обработка за поврат на ДДВ во рамките на законските рокови. Борбата против даночните измами и даночно затајување и напорите за борба против сивата економија треба да биде дополнително засилена. Во целина, подготовките во областа на оданочувањето се умерено напреднати. Монетарна политика  Во областа на монетарната политика , Централната банка ја подобри својата способност особено во управувањето со девизните резерви . Понатаму треба да развива не-стандардни монетарни мерки. Во областа на економската политика, Претпристапната економска програма ( ПЕП) за 2013-2015 беше доставен на време, со повеќе експлицитни информации за макроекономска и фискалната рамка. Нејзината корисност е значително ограничена од страна на низок квалитет на прогнозирање, неусогласеност со (Европски систем на сметки ) ЕСА 95 стандардите и недостатокот на фискалните известувања. Конзистентноста и транспарентноста во областа на фискалната политика се влоши. Економските и фискалните приоритети не се усогласени со структурните реформски предизвици. Иако Законот за буџет беше изменет за да се зголеми  конзистентноста за стратешкото планирање и буџетирање, среднорочна буџетска рамка сеуште недостасува. Ниту Фискалната стратегија 2014-2016 не беше донесена, како што се бара со закон. Не беше усвоен ниту планот за Јавни инвестиции. Институционалниот капацитет варира во голема мера меѓу централно и локално ниво . ОЦЕНКА : Ограничен напредок. Институционалниот капацитет за економската политика останува недоволен и квалитетот на ПЕП се уште треба да се зајакне. Фискалната дисциплина и одржливост на јавната потрошувачка треба да се подобрат. Во целина, подготовките во областа на економската и монетарната политика се напреднати. Регионални политики, институционален капацитет Во однос на институционалната рамка, потребната стурктурна поставеност ја има, но значајни подобрувања се потребни за да се забрза подготовката и спроведувањето на проектите финасирани од ЕУ-фондовите, особено од областа на животната средина. Недоследностите се однесуваат на недостаток на соработка во рамките на и помеѓу институциите и недоволна техничка експертиза. Постигнат е одреден напредок во методите за да се вклучат општините, граѓанското општество и приватниот сектор во програмирањето и спроведувањето на проекти. Подготовките во оваа област се умерено напреднати. Во областа на административниот капацитет, обуката и обезбедувањето на техничка помош за зајакнување на сите институции кои се вклучени во спроведувањето на ИПА, продолжи. Слабиот капацитет резултираше со бавни тендери и ниски договорни стапки за ИПА Проектите. Постои итна потреба за понатамошно зајакнување во управувањето со проектите. ОЦЕНКА : Ограничен напредок Во областа на регионалната политика и координацијата на структурните инструменти постигнат е ограничен напредок. Треба да има забрзана динамика за решавање на многу значајни доцнења во спроведување на ИПА програмите. Итно се потребни дополнителни напори за надминување на недостатоците во капацитетите на релевантните институции за извршување на програмските задачи и да се демонстрира посветеност кон финансискииот менаџмент, контролата и ревизијата. Генерално, подготовките во областа на регионалната политика и координацијата на структурните инструменти не се многу напреднати. Слободно движење на капиталот  Во областа на движењето на капиталот и плаќањата, земјата веќе ги исполнува условите на првата фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација ( ССА). Натамошна либерализација треба да се случи по преминување кон втората фаза, На граѓаните сеуште не им е дозволено да купат странски хартии од вредност или да купат недвижен имот во странство , како и отворањето на странските банкарски сметки е ограничено. На граѓаните на ЕУ не им е дозволено да купуваат земјоделско земјиште. Ограничувањата остануваат и за висината на сумите кои странските граѓани може да ги пренесуваат преку своите локални и девизни сметки . Подготовките во областа на движењето на капиталот и плаќањата се умерено напреднати . Во областа на платните системи, земјата делумно ги исполнува своите цели. ОЦЕНКА : Ограничен напредок Во областа на слободно движење на капиталот, постои ограничен напредок во текот на минатата година. Подготовките се во тек и постепеното усогласување на регулаторната рамка за платните системи е во тек. Се прават подготовки за зајакнување на институционалниот капацитет за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Натамошна либерализација на капиталот движења и плаќања е закажана по преминување кон втората фаза од ССА. Оценки за останатите сектори   Во овој октомвриски Извештај на Европската Унија, и невработеноста беше посочена како една од “слабите“ точки на економијата. „Невработеноста остана  константно висока, особено кај младите како и  долгорочната невработеност  што укажува на длабоко вкоренетите структурни пречки во пазарот на трудот. Имаше одредено постепено подобрување, но политиките на  пазарот на трудот политика имаа  ограничен успех во решавањето на  високата стапка на  невработеност. Структурни предизвици на пазарот на трудот чекаат решение.Монетарната политика останаа доследни и соодветна со оглед на економската средина и ситуацијата на домашниот банкарски сектор. “ – пишува во Извештајот на ЕУ. Еве дел и од останатите оценки за напредокот во одделни сектори : Слободно движење на стоки - одреден напредок Земјоделие - одреден напредок Енергетика - одреден напредок  Транспорт - одреден напредок Слобода на движење на работници -  мал напредок Право на основање и слобода на давање услуги - мал напредок Финансиска контрола – мал напредок Јавни набавки - добар напредок  Конкурентност - добар напредок По овој октомвриски извештај, започнува ново, едногодишно скенирање на македонската економија – до следниот, во октомври 2014 та година. А.Д.