26 Април, 2024
0.0392

Како инфлацијата ги стопи платите во Македонија?

Објавено во: Економија 03 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Просечната нето-плата бавно се зголемуваше, продуктивноста на трудот се намали. Инфлацијата се зголеми, кредитниот раст забави. Ова се дел од поентите на најновиот Извештај за работењето на Нардната Банка во 2012 та. Токму лани, по две години континуиран пораст, повторно се случи намалување на продуктивноста на трудот и забавување на трендот на раст на платите. Забавувањето на растот на просечната нето плата продолжи и во текот на 2012 година. Просечната номинална нето плата во 2012 година изнесуваше 20.903 денари и беше повисока за 0,3% во однос на претходната година, што е најниска стапка на раст во последните пет години. Речиси еднакво годишно зголемување од 0,2% оствари номиналната просечна бруто плата која што во 2012 година изнесуваше 30.670 денари.“ – пишува во извештајот. Овој тренд на забавен раст на платите според НБМ бил предизвикан од платите во земјоделството, индустријата и услугите. Инфлацијата,што беше поизразена при крајот на 2012 та година, допонително удри по стандардот.
“При инфлација од 3,3%, нето и бруто платите забележаа реален пад од 2,9% и 2,6%, соодветно.“ – пресметале во Народната Банка.
Во услови на повисок раст на вработеноста во однос на Бруто Домашниот Производ продуктивноста на трудот во 2012 година се намали за 0,6%.
“Падот на продуктивноста во 2012 година следи по две години последователен годишен раст, што услови повторно оддалечување од нивото на продуктивност остварено во преткризниот период. “ – анализира НБМ.
Додека продуктивноста се намалувала, Народната Банка во 2012 та година измерила раст на  трошоците за труд за 0,8%. Внимателно со јавните финансии! Финансиската криза во Европа го зеде својот данок и од македонската економија во 2012 та година. Негативните трендови во надворешното опкружување сепак предизвикаа влошување на клучните параметри – проширен дефицит на тековна сметка и намалување на приливите на капитално-финасиската сметка.
“Негативните промени во надворешното опкружување доведоа до умерено влошување на дефицитот на тековната сметка во однос на претходната година. Кај приливите во капитално финансиската сметка, исто така, беше забележано намалување на приливите, но беше остварен пораст на нето приливите кај тековните трансфери. Инаку, проширувањето на трговското салдо во целост беше предизвикано од растечкиот енергетски дефицит “ – оценува НБРМ.
Во исто време анализата укажува на тоа дека кај неенергетскиот дефицит има поповолна состојба како резултат на извозната активност на новите странски компании во земјава кои годинава треба да бидат генератор на економски раст.
“Покрај слабите увозни притисоци од домашната побарувачка, поволната состојба кај неенергетскиот трговски дефицит беше резултат на зголемената искористеност на новите извозни капацитети. Може да се очекува дека овие нови индустрии ќе бидат централниот двигател за идниот раст на македонскиот БДП и вработеноста“ – укажува НБРМ.
2012 та година беше една од најнеизвесните во однос на јавните финасии. Наместо со кратење на трошоците преку ребаланс, државата го продлабочи буџетскиот дефицит. Народната Банка хронолошки тоа го објаснува вака:
“Јавните финасии во текот на годината се соочија со големи предизвици. Во првата половина од годиината остварувањето на приходите беше пониско од Планираното. Ваквото отстапување наметна потреба однадолна корекција на расходната страна зада се задржи таргетот за буџетски дефицит од 2,5%. Оттука, во јуни беше направен ребаланс на буџетот со којшто се изврши намалување на вкупните приходи за 4,6% и на вкупните расходи за 4,5%во однос на првичниот план. Сепак и покрај ова, во втората половина од годината фискалната псотавеност  повторно мораше да биде приспособена, поради потребата за исплата на заостанатите обврски кон приватниот сектор и тоа во услови кога приходите и натаму потфрлуваа“ – пишува во Извештајот.
По ваквата состојба Владата одлучи да го продлабочи буџетскиот дефицит:
“Карактеристично беше тоа што државата не ја приспособи јавната потрошувачка на побавната од очекуваната динамика на раст на приходите, туку  приспособ увањето го изврши преку зголемување на фискалниот таргет за 1 п.п. (од 2,5% на 3,5%). Во 2012 година беше остварен фискален дефицит од 3,8% од БДП што претставува зголемување од 1,3 п.п. во споредба со претходната година и воедно е еден од на јвисоко остварените дефицити. Примарното буџетско салдо исто така забележа влошување, при што во 2012 година примарниот дефицит изнесува  2,9% од БДП, наспроти 1,7% во претходната  година. “ – се вели во Анализата.
Сепак Народната Банка укажува дека во следниот период се очекува од Владата да води претпазлива фискална политика.
“Во следните две години се очекува претпазливафискална политика, со постепено консолидирање на буџетскиот дефицит и релативно стабилно ниво на јавен долг. Фискалната политика, а пред сѐ буџетската потрошувачка, е битен фактор кој што влијае врз поставеноста на монетарната политика, а соодветната координација на  овие политики е клучен фактор за обезбедување и одржување на макроекономската стабилност “.
По зголеменото ниво во 2012 година, НБРМ укажува дека се очекува дека буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува и дека на среден рок ќе гравитира околу 3% од БДП. Во таа насока, во 2013 година се очекува дека тој ќе изнесува 3,5% од БДП, а во 2014 година 3,2% од БДП. Се очекува дека слични движења ќе има и кај примарниот буџетски  дефицит, како пореален показателза насоката на фискалната политика, кој што би се свел на 2,7% и 2,4% од БДП во следните две години, соодветно.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија