26 Април, 2024
0.0278

ИЗВЕШТАЈ НА НБРМ: Во февруари кредитен раст од 7%!

Објавено во: Финансии 22 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Сомнителните и спорните побарувања на ниво на банкарскиот сектор во февруари достигнаа ниво од 428 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, во однос на јануари, кога проблематичните кредити изнесувале 427 милиони евра, за еден месец е регистриран раст нешто повеќе од 5 милиони евра. Според мартовскиот извештај на Народната Банка и со овој пораст, салдото на сомнителните побарувања останува практично на исто ниво како она од месец  јануари. Анализата покажува дека растот од 5 милиони евра на сомнителните побарувања има кај кредитите во денари, додека кај девизните задолжувања се забележува пад. Според податоците на НБРМ во февруари вкупната кредитна задолженост, која е во пораст, изнесува 3 милијарди и 803 милиони евра. Во однос на јануарското салдо од 3 милијарди и 788 милиони евра, кредитната изложеност е зголемена за 15 милиони евра. “На крајот на февруари, годишната стапка на раст на вкупните кредити изнесува 7,0% и е над годишниот раст од 5,3% проектиран за првиот квартал на 2014 година. Притоа, вкупните одобрени кредити се повисоки за 2,202 милиони денари од нивото проектирано за првиот квартал, што укажува на можно надминување на очекуваното ниво од октомвриската проекција. евра. “ – оценува Народната Банка во новиот мартовски извештај. Вкупниот раст на кредитите главно се должи на растот кај денарските задолжувања додека кај девизните растот е незначителен. За годинава, според проекциите на Народната банка, кредитниот раст треба да изнесува 6,3 проценти.   

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат