26 Април, 2024
0.0295

Изземање на судијката од „Тврдина“ - бара СЈО

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство достави барање за изземање на судијката Лидија Петровска за првото обвинение, во кое кривично се гонат седум вработени во УБК заедно со екс началникот, Горан Грујовски. 

Со цел  непристрасно судење, СЈО бара изземање на судијката од „бомбите“.

„Постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори“ - велат од СЈО.                                       

Петровска беше спомената во „бомбите“ објавени од опозицијата, од нејзината колешка Софија Лаличиќ која на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков му објаснува како Петровска и подарувала сваровски накит на претседателката на кривичниот суд, Лидија Неделкова. 

Петровска е избрана за судија по обвинението за уништување на документација поврзана со нелегално прислушување. 

СЈО ги врати доказите во судот за случајот бидејќи смета дека на витални документи и правилници потребни за работење на УБК не треба да им се одземе ознаката државна тајна и доверливо поради штетата што може да се нанесе. Петровска бараше декласификација затоа што оценила дека некласифицирани не може да бидат користени од судските служби. Од СЈО се со став дека судот како и секоја друга институција мора да има вработени кои може да работат со класифицирани документи. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби