02 Мај, 2024
0.0275

Ја напуштил Софија и растенија од пет континенти засадил во ботаничка градина

Објавено во: Стил 09 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Триесет и едно годишниот Јасен од Бугарија е еден од најсреќните луѓе кои успеале да го претворат својот сон во реалност.

Јасен ја направи својата ботаничка градина во селото Борика. Младиот маж избра да го напушти градот, за да заживее на село. Тој сакаше да води еколошки начин на живот и затоа направи ботаничка градина во дворот на дедовата куќа - во селото Борика. Според една легенда „Борика" значи „благословено од Бога место". Населението во селото е малку над 50 лица, а еден од нив е и Јасен.

Вели дека не е лесно да го оставиш големиот град зад себе.

„Ако човек е навикнат и има работа во градот, има своја социјална средина, контактите, пријателите, забавата. Тука дури на кино и на театар не можеш да одиш. Не можеш да се видиш со своите пријатели"- вели Јасен.

Тој дипломирал географија и пејзажна архитектура. Работел како стјуард  во авиокомпанија, бил трговски претставник и кратко време е дел од тимот на еколошка организација.

„Можеби ми требаше време и храброст да ја донесам оваа одлука и да ја напуштам Софија"- дополнува Јасен.

Во градината на Јасен има околу 280 видови на растенија, а голем дел од нив се поретки во Бугарија. Ги донел од пет континенти. Јасен се грижи сам за ботаничката градина, секој ден станува во 6 наутро за да ги полее растенијата, а работата некогаш ја завршува до полноќ.