Ја запалија фотографијата на Ким и знамето на Северна Кореја
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2018
Конзервативните јужнокорејски активисти запалија голема фотографија на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун.
Околу 150-200 јужнокорејски конзервативни активисти на железничката станица во Сеул ја запалија фотографијата на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, севернокорејското знаме и „обединетото знаме“ што спортистите на ривалските Кореи планираат да го носат заедно за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата.
Полицијата интервенираше и со противпожарни апарати ја изгасија запалената слика и знамето.
Активистите се собраа на протест по повод доаѓањето на делегацијата од Северна Кореја предводена од Хајон Сонг Вол, на групата Моранбонг.
Хајон со својот бенд беше во Јужна Кореја со цел да ги разгледа можните локации за настапите во текот на зимските Олимписки игри следниот месец.
Хајон Сонг Вол, севернокорејската ѕвезда од бендот Моранбонг кој го избра самиот Ким, ја започна дводневната посета, предизвикувајќи медиумска треска во Јужна Кореја. Таа е задолжена за уметничките настапи на Северна Кореја на Олимпијадата.