05 Мај, 2024
0.0256

Ја знаете ли оваа тибетска вежба за лекување на тироидната жлезда?

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа е и најпознатата тибетска вежба за лекување на тироидната жлезда. Обезбедува зголемен проток на крв во жлездата. Следствено на тоа тироидната жлезда започнува да работи подобро и полесно.

Како да ја направите оваа тибетска гимнастика?

1. Избришете ги дланките добро, за да ги загреете. Потоа внимателно ставете ги дланките врз тироидната жлезда и задржете ги таму најмалку десет секунди.

2. Треба да проголтате три пати. Ако ја чувствувате устата сува, испијте три мали голтки вода.

3. Полека издишете.

4. Додека издишувате, ја наведнувате главата напред и притиснете ја брадата кон градите толку силно колку што можете. Држете ја така брадата неколку секунди, без да дишете. Кога ќе почнете да дишете, подигнете ја брадата. И движете ја главата цврсто назад.

5. Држете ја главата во оваа позиција за некое време. Откако ќе почнете да издишувате, притиснете ја брадата кон градите повторно.

vezba

6. Кога брадата ви е на градите, полека завртете ја главата лево и десно, без да ја поместите брадата на растојание од градите. На овој начин се прави одлична масажа на тироидната жлезда.

7. Повторете ги чекорите од 1 до 6. Движете ја главата полека, не се брзајте, туку релаксирајте се. Не мислете за ништо.

8. Повторете ја масажата од првиот чекор.

Вежбањето може да биде направено во седечка или стоечка положба. Потребно е да го правите често, бидејќи тоа води до подобрување на состојбата на тироидната жлезда. Ова е особено корисно за хипотироидизам.