Јак земјотрес утрово во албански Драч: Тлото не се смирува
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2020
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија утрово, а земјотресот се почувствувал и во Црна Гора.
Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч (Албанија). Големината на земјотресот во хипоцентарот (жариште) беше 4,4 единици од Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од V-VI степени од меркалиевата скала, пренесува порталот РТЦГ.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот бил на длабочина од 16 километри.