26 Април, 2024
0.0472

Јанчевски: Каматите на кредитите ќе продолжат да паѓаат и во наредната 2014 година

Објавено во: Финансии 03 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Трендот на пад на каматите ќе продолѓи до крајот на годината и следната 2014 година, очекува претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Според него, Македонија има стабилна макроекономска состојба и ниска инфлација, а банките се полни со пари. - Нема логика во услови кога нема пласман за тие пари каматните стапки да растат, изјави Јанчевски по прославата по повод добиената награда „Банка на годината во Македонија за 2013 година“ од финансискиот магазин „The Banker“. Тој посочи дека во прилог на тоа одат и најновите мерки на Народната банка да не се плаќа камата на задолжителната резерва и со кои банките повеќе се упатуваат на седмодневни депозити кај кои има минимална камата, отколку на благајнички записи каде каматната стапка е 3,25. - По овие мерки најверојатно ќе следи и паѓање на каматите на депозитите што значи дека не очекувам дека каматите на кредитите ќе растат. Ќе има и зголемено кредитирање со оглед на фактот што економијата во Македонија за годинава може да се каже дека е на пат на опоравување и бележи некој пораст. Сето тоа ќе има влијание банкарскиот сектор да дава повеќе кредити, прецизира Јанчевски. Нагласи дека НЛБ Тутунска банка после застојот во кредитирањето што го имаше во претходната година и првата половина од годинава ќе се фокусира на кредитирање на мали и средни претпријатија и на населението со задржување на големите корпоративни клиенти. - Трендот на нефункционалните кредити се движи на нивото на претходниот месец. Тоа не е некоја алармантна бројка за да предизвика грижа кај банките. Процентот на нефункционални кредити е повисок кај фирмите, додека населението е поуредно во враќањето на своите обврски, рече Јанчевски.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат