Јанева и СЈО сѐ уште се во УБК
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
Катица Јанева и тимот специјални обвинители повеќе од 48 часа се во просториите на УБК.
Фактор од добро упатени свои извори дознава дека обвинителките работат а двајцата техничари кои СЈО ги чекаше да се вратат се вратени во Управата.
Засега информациите кои и се пласираат на јавноста од Петтата управа се оскудни поради тајноста на истрагата која СЈО ја води за случајот прислушување.
Поддршка од меѓународната заедница
Јавната обвинителка доби висока поддршка од западно европските дипломати во земјава кои им порачаа на институциите целосно да ја почитуваат работата на СЈО и да престанат опструкциите.
Тие порачуваат дека без истраги за прислушувањето нема излез од кризата.
„Специјалното обвинителство треба да има можност да спроведе темелна и независна истрага, ослободено од опструкции и одложувања од страна на владините институции а политичките партии треба да ги поддржуваат овие процеси.
Согласно Договорот од Пржино воспоставување на одговорноста за прислушувањето и владините злоупотреби се клучен чекор за ставање крај на политичката криза и за враќање на земјата на патот кон ЕУ и НАТО“, е пораката на американската амбасада.