18 Мај, 2024
0.0359

Јанковска: Праската што се бере оди за извоз

Објавено во: Агробизнис 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Портпаролката на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Соња Јанковска на денешната прес конференција на Влада истакна дека секоја праска што се бере се извезува.

„Во Росоман има претставници од МЗШВ, нема застој, се што се бере, оди за извоз. Поголемиот дел оди во Русија, а другото во регионот. Државната фитосанитарна лабораторија работи со полн капацитет и документите се издаваат навреме “, изјави Јанковска.

Изминативе денови дел од производителите на праски од Росоман, на фејсбук страната „Росоман денес“  споделија видео на кое се гледа како производителите го фрлат својот род, затоа што немало откуп.

Пред два дена претставници од министерството за земјоделие посети откупен центар во Росоман и констатираше дека откупот се одвива непречено, праската се откупуваше од 15 до 20 денари за килограм во зависност од квалитетот на праската.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?