19 Мај, 2024
0.0349

Јаревски: Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра

Објавено во: Македонија 30 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на својот фејсбук профил објави обраќање до првиот вицепремиер Артан Груби поврзано со договорот со компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорот 8 и 10Д. 

Јаревски укажува дека вицепремиерот станува фабрика за пари и за лажни вести. 

Пишувањето на Јаревски ви го пренесуваме во целост:

Координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести.

Па така ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија...

Но еве што Груби не кажува.

- Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.

-.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра.

- Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

- Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи.

И кога Груби ќе збори за анти албанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо анти албанство и анти државен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ.

Друг пат Груби кога ќе произведува лажни вести, нека има на ум дека се што лета не се јаде...


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“