Добивај вести на Viber
Јавниот долг достигна 32, 1 процент од БДП искачувајќи се на највисоко ниво во последниве 6 години. За една година јавниот долг се зголемил за 6 процентни поени . Во првиот квартал од 2012 година тој бизнесуваше 26,1 проценти, во вториот 28,3 проценти, потоа во третото тримесечие се искачи на 30,2 проценти, за да последнииот месец во минатата година изнесува 32,1 проценти од Бруто Домашниот производ на Македонија, покажаа најновите податоци на Министерството за финансии.
Власта и ппозицијата изминатите месеци остро се конфронтираа за задолжувањата. Според опозицијата Владата неоправдано ја задолжува државата, оставјќи им на наредните генерации долг нема да може да се отплати. Дел од експертите сметаат дека земените пари не се трошат за развојни проекти кои ќе обезбедат нови вработувања и економски развој, туку за згради и споменици. Владата, пак тврди дека Македонија се уште има меѓу пониските нивоа на Јавен долг во Европа.