29 Април, 2024
0.0260

Јавниот долг лани пораснал за 339 милиони евра

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Јавниот долг на државава за една година се зголемил за 338,7 милиони евра, може да се види од најновите податоци на Министерството за финансии.

Објавена е табелата со состојбата на јавниот долг заклучно со крајот на минатата година, при што може да се види дека на крајот на минатата година тој изнесувал 5,54 милијарди евра, што е пораст за 338 милиони евра во однос на 5,2 милијарди евра колку што изнесувал на крајот на 2018 година. 

Гледано во проценти, на крајот на 2019 година долгот е 48,9 отсто од БДП, што е раст за 0,3 процентни поени во однос на 2018 година, кога бил 48,6 отсто. 

Државниот долг, пак, гледан во апсолутен износ, на крајот на минатата година бил 4,56 милијарди евра, што е раст за 212 милиони евра во однос на 2018 година, кога бил 4,34 милијарди евра.

Од Министерството за финансии, потенцираат дека државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2 отсто од БДП.

Ова од причина што кога државниот долг се гледа како релативен износ, односно како процент од БДП, и во тој лучај има намалување.

Но, тој пораснал во апсолутен износ.

Од Финансии тврдат дека јавниот долг е стабилизиран и умерен, односно тој на крајот на 2019 година изнесува 48,9 отсто од БДП. Во 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8 отсто од БДП. 

„Ако се земе предвид дека во јавниот долг во 2019 е вкалкулиран и негарантираниот долг (од 0,3 процентни поени), кој претходно не бил сметан, во 2019 долгот е на пониско ниво во однос на 2016 година за 0,2 процентни поени“, велат од Финансии. 

Додаваат дека јавниот долг во 2019 година заврши под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија 2020, од 49,3 отсто. Проекцијата во Фискалната стратегија 2017-2019, подготвена во 2016, за 2019 изнесувала 56 отсто, односно за 7 процентни поени повеќе.

„За разлика од брзорастечкиот јавен долг од 2008 до 2016 година, кога истиот се удвоил од 23 отсто на 48,8 отсто од БДП, сега тој е стабилизиран, што може да се види и од кривата на долгот. Стабилизацијата на долгот се должи на водењето на прудентна политика за јавен долг која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот и тоа буџетскиот дефицит, преку негова консолидација и сервисирањето на старите долгови“, велат од Финансии.

Додаваат дека ако  порано буџетскиот дефицит достигнувал до 4 отсто од БДП, годинава тој е проектиран на 2,3 отсто, а следните две години ќе се намали на 2 отсто од БДП. Со тоа ќе се стесни просторот за финансирање.Според Финансии, бројот на аукции на државните хартии од вредност исто така е преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени, така да со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат. 

Опозицијата, пак, постојано ја критикува Владата дека таа постојано го зголемува задолжувањето на идните генерации. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита