14 Мај, 2024
0.0263

Јавниот долг на Македонија ја поминува критичната граница од 60 проценти од БДП

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Со ревидираните податоци изнесени на вчерашната матична собраниска комисија со која започна расправата за ребалансот на буџетот, јавниот долг на Македонија ја надминува препорачаната граница од 60 отсто од бруто домашниот производ. Проекцијата покажува дека до крајот на годината задолжувањето ќе изнесува 60,3 проценти.

„Сега се разбиени буквално сите лимити на јавен долг и во светот и во Европа и насекаде. Ние немаме проблем, Буџетот е стабилен. Гледате дека најголемите даноци, ДДВ, персоналниот данок на дохот и данокот на добивка, иако имаме одложени аконтации со одлуки или уредби со законски сили сите се или на исто ниво или имаме одредено зголемување. Ние сме финансиски стабилни, екстензивноста на Буџетот, којашто ја гледате во овој ребаланс, а веројатно ќе ја има се додека трае кризата, е барање начин како да се вбризгаат допополнително плус пари за да и помогнеме на економијата, потенцираше претседателот на Владата“, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Ова го потврди и министерот за финансии Фатмир Бесими на презентацијата на ребалансот на буџетот пред матичната комисија за финансирање и буџет, откако ги корегираше проекциите. Наместо 59,5 отсто од БДП, колку што изнесуваше процентот кога помина на владина седница,, сега тој ја надминал критичната граница од 60 проценти и изнесува 60,3 отсто од БДП. Бисими додаде дека корекциите се должат на редовната ревизија на номиналните вредности на домашниот бруто-производ од страна на Државниот завод за статистика објавени на 5 октомври.

- Соваквиот нов номинален износ на БДП дефицитот во Буџетот за оваа година наместо 8,4 отсто, ќе изнесува 8,5 отсто иако неговата апсолутна вредност останува иста. Исто е и со надворешниот долг, кој според номиналната вредност на БДП од 30 јуни годинава во однос на БДП беше 59,5 отсто, а сега со надолната корекцијата на номиналниот БДП иако долгот е со иста вредност од 6,527 милијарди евра, претставува 60,3 отсто од БДП, наведе Бисими пред пратениците.



Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра