16 Мај, 2024
0.0334

Јазот кој и се заканува на светската економија

Објавено во: Анализа 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Јазот помеѓу богатите и сиромашните најверојатно ќе биде најголемата опасност за светската економија во наредните години, наведува Светскиот економски форум. Форумот, чие што годишно собирање официјално започнува в среда, наведеува дека нееднаквоста во приходите по светската финансиска криза претставува „најверојатен ризик кој ќе предизвика светски последици во следната деценија“. „Изгубената генерација“ на млади би можела да го попречи заздравувањето и да поттикне социјални немири, бидејќи генерацијата созреани во првата деценија од 21. век се соочува со невработеност и неизвесност, што може да го отежни нивното настојување да изградат своја иднина, се наведува во студијата „Глобални ризици 2013“ во која се собрани придонеси на 700 експерти од целиот свет. Иако податоците укажуваат на заздравување на светската економија, пред се во САД и Европскатта унија, цената на глобалната финансиска криза нема да исчезне преку ноќ. Во голем број земји, особено оние кои биле најизложени на европската должничка криза, невработеноста меѓу младите е огромна - Грција и Шпанија бележат речиси 60 отсто невработеност меѓу луѓето помлади од 25 години. Покрај тоа што невработеноста меѓу младите влијае на примањата на домаќинствата и ја ограничува потрошувачката, таа исто така, ги остава без можност да стекнат знаења и работно искуство, што ги гуши долгорочните потенцијали и ги зголемуваа тензиите во општетсвото, но и меѓу генерациите. Светскиот економски форум во својот извештај, како ризици за светската економија, ги наведува и временските непогоди, сајбер-нападите, како и значителното опаѓање на квалитетот и достапноста на водата за пиење.   А.А.