17 Мај, 2024
0.0272

Јосифовски: Намалувањето на ДДВ за угостителите нема да значи поевтино кафе за гостите

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Со воведувањето на трите даночни ставки од 1 јануари за угостителската дејност нема да се намали цената во кафетериите, баровите, пивниците, ноќните клубови и дискотеките, смета Здравко Јосифовски, претседателот на Независната угостителска комора.

Угостителите очекуваа дека, според владината програма, ДДВ-то ќе се намали во единствена даночна ставка од 18 на 10 отсто за овој сектор, но наместо тоа се воведуваат три ставки - 18 отсто за служење алкохолни пијалаци, 10 отсто за храна и кетеринг и 5 отсто за нарачки.

- Тоа нема да влијае на поевтинувањето на услугите, туку новата ставка повеќе ќе влијае во унапредувањето на угостителскиот сектор и згоплемување на платите за вработените, вели Јосифовски.

Тој забележа дека секторот ќе биде и на дополнителни маки со подесувањето на фискалните уреди, бидејќи станува збор за три даночни ставки.

НУК смета дека бенефит ќе имаат главно рестораните, гостилниците, националните ресторани и сите оние кој работат со храна, но не и оние кои работат само со пијалоци. Исто така забележуваат дека ќе изостанат краткорочните и брзи позитивни ефекти.

„Сега имаме 3 стапки, односно 5 отсто за подигање, земање на нарачка, 10 отсто за јадење во ресторан и кетеринг, а третата стапка се однесува на 18% продажба на алкохолни пијалоци, кое не е во рамки на другите. Ова е почеток на реализација на овој дел од програмата на Владата“, рече денеска Сања Лукаревска, директорката на УЈП.

Од НУК порачуваат дека воведувањето на новата даночна стапка во угостителството нема сите угостители рамноправно да ја осетат.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА