29 Април, 2024
0.0254

Јовановиќ: Качувањето на лимитот на 3.000 евра е лицемерие, со тоа министерката им попушти на бизнисмените

Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на екс министерот за финансии Драган Тевдовски, во чие време беше донесен законот со кој плаќањата во кеш се ограничија на 500 евра, најновото гласање на законски измени со кои лимитот се качува на дури 3.000 евра, го смета за лицемерие од страна на новата министерка за финансии Нина Ангеловска, која постојано декларативно кажува дека се залага за намалување на сивата економија.

За Фактор, Јовановиќ вели дека мерката за ограничување на плаќањата била најзначајна за борба против сивата економија.

„Ова значи дека министерката за финансии Нина Ангеловска им попуштила на коморите, кои долго време бараа да се тргне ограничувањето на плаќањето во кеш на 500 евра. Тоа не го бараше само комората на Северозападна Македонија, туку и другите комори. Тоа зборува за лицемерието на министерката, која вели дека се залага за намалување на сивата економија, а сега практично им излезе во пресрет на барањата на бизнисмените. Мерката за ограничувањата на плаќањата во кеш беше најзначајна мерка за борба против сивата економија, а сега таа се ревидира од страна на министерката која постојано пропагира дека еден од приоритетите и е борба против сивата економија“, вели за Фактор Бранимир Јовановиќ, кој своевремено го советуваше поранешниот министер Тевдовски.

А откако во јуни минатата година лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, многу брзо тој праг не само што ќе се зголеми, туку и ќе рипне неколкукратно, на дури 3.000 евра. На 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

Овие законски измени ги предложиле група пратеници Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласале 54 пратеници, немало против и воздржани. А од предлагачите, тројца пратеници се од ДУИ, тројца од СДСМ, што значи дека овој закон е предложен и донесен во дослух со власта.

Во тоа не се сомнева и Јовановиќ. Вели дека многу е полесно еден закон да се предложи преку пратеници, отколчку тоа да оди преку Министерството за финансии. Така би требало да оди и на Влада, па да помине неколку читања во Собранието, а вака, преку пратениците, поминало со само едно читање, по скратена постапка. 

А предлагачите навеле дека лимитот од 500 евра бил ограничувачки за граѓаните, па затоа го креваат на 3.000 евра.

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес  предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои  согласно со  своите потреби правото за  плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност  не можат  искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот  и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унијакако што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението.

Фактор иако бараше, од Министерството за финансии се уште не доби став за овие законски измени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?