29 Април, 2024
0.0258

Јовановиќ: Кај нас има нехумана нееднаквост, а таа не се решава без прогресивен данок

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на екс министерот за финансии Драган Тевдовски жестоко ја критикува власта за замрзнувањето на прогресивниот данок. Во емисијата „А што не е јасно“ на телевизијата Алфа, тој рече дека само во првите девет месеци од годинава приходите од персоналниот данок се зголемиле за 27 милиони евра, што е повеќе од планираната сума од 25 милиони евра за цела година, а тоа е резултат на прогресивното оданочување. Во дебата со советникот на премиерот Фатмир Битиќи, тој кажа дека ова било направено на барање на бизнис заедницата.

„Тоа намерно го направивте на барање на бизнис заедницата. Претходниот министер беше сменет без никаква јасна причина и без јавно образложение, а и премиерот кажа дека тој одлично си ја вршел работата. И ја донесовте новата министерка без никакво искуство и без експертиза од областа, директно од Стопанската комора“, рече Јовановиќ. 

Според него, со прогресивниот данок не биле погодени малите фирми, бидејќи таму нема плати над 1.500 евра, туку големите компании, бидејќи кај нив и кај банкарите се високите плати. 

„Во земјава има нехумана нееднаквост, таа не може да се реши со друго освен со прогресивниот данок“, рече Јовановиќ. Тој додаде дека заедно со членови од Владата протестирал за поправедно општество, и не му е јасно зошто тие од тоа отстапуваат. 

Според него, половина од европските држави што го имале воведено рамниот данок, потоа го напуштиле.

Според Јовановиќ, бесплатен ручек нема, а тоа значи дека зголемените пензии и плати ќе мора некој да ги плати, а тоа ќе се рефлектира преку зголемувањето на јавниот долг. „Него ќе го враќаат нашите деца, а не политичарите од Будимпешта што го зголемија најмногу“, рече Јовановиќ.

За зголемувањето на пензиите тој предупреди дека ќе ја зголемат дупката во Пензискиот фонд. „Сиромаштијата кај пензионерите е најниска, 7 отсто, а кај вработените таа е повисока, 9 проценти. Јас не сум против зголемување на пензиите, и јас сметам дека треба да растат, ама не требаше први, туку последни“, рече Јовановиќ. 


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?