27 Април, 2024
0.0323

ЈП „Комунална хигиена“ со демант дека масовно ќе се убиваат бездомни кучиња во пресрет на Супер купот на УЕФА

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во целост ги демантира наводите објавени на социјалните мрежи од страна на поединци и невладини организации, во коишто се тврди дека во пресрет на почетокот на Супер купот на УЕФА, ќе се спроведе масовно убивање на бездомните кучиња во центарот на градот.

Би сакале да ве информираме дека Градот Скопје од 2007-та година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните, имплементирајќи ја програмата наречена „Залови, стерилизирај, врати“ („Catch, neuter, release), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Програмата е поддржана од Светската здравствена организација (WHO)и одобрена од Советот на Градот Скопје, а се имплементира во стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

Во согласност со оваа Програма, бездомните кучиња се заловуваат од страна на специјализирана, обучена и опремена Служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во стационарот „Вардариште“.

Би сакале да го потенцираме фактот дека секое заловено куче го прегледува екипа од ветеринарни доктори коишто проценуваат дали животните се здрави и дали со своето однесување претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Само заболените, премногу старите, како и прекумерно агресивните кучиња се подложуваат на еутаназија, додека здравите животни се стерилизираат, прочистуваат од внатрешни и надворешни паразити и се вакцинираат против беснило. Доколку не бидат вдомени за време на престојот во Стационарот, тие се одбележуваат со ушна маркичка и се враќаат на локацијата од којашто биле заловени.

Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“