27 Април, 2024
0.0259

ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

ЈП Водовод и канализација - Скопје е првото претпријатие кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски одржа прес конференција на која ги презентираше општествено одговорните проекти кои се реализираат во претпријатието.

„Горди сме и среќни што сме прво претпријатие во државата кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија“ – посочи Весковски, најавувајќи го печатењето и дистрибуцијата на редизајнираните сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија. Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво. „Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП Водовод и канализација – Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите“ – посочи директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година.


Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60% на енергијаи намалување на потрошувачката на вода за 15%. Превземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП Водовод и канализација – Скопје станува “Environmentally friendly” претпријатие, а тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.

Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и online услугите достапни на web страната: www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.

„Наша обрвска е да ја заштитиме животната средина, да ја одржуваме околината чиста, зашто чистата и здрава околина значи чиста и здрава питка вода, што е всушност и нашиот приоритет“ – нагласи г-дин Душко Весковски. Воедно, тој додаде дека дека ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува соработка со Пакомак, како партнер во борбата за подигнување на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето, заштитата, правилната употреба и користење на водните ресурси, имајќи ги предвид климатските промени кои делуваат на секој сегмент во животната средина. 

Генералниот менаџер на Пакомак, г-дин Филип Ивановски изразувајќи го задоволството од остварената соработка со ЈП Водовод и канализација – Скопје го најави продлабочувањето на истата преку реализација на повеќе проекти од заеднички интерес. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком