Добивај вести на Viber
Од понеделник ЈСП „Скопје“ ќе пушти во употреба нова автобуска линија со број „163“. Автобуска линија ќе сообраќа на релација село Драчево - општина Илинден.Миниавтобус ќе биде ангажиран на почетокот кој ќе вози само во работни денови, во 6:15, 14 и 15:30 часот кон Драчево, а од Општина Илинден ќе тргнува во 7, 14:45 и 16:15 часот. Трасата е од село Драчево, по улица Китка, населба Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино се до Општина Илинден.