04 Мај, 2024
0.0275

ЈСП и Град Скопје тврдат дека вработени го држат градот во заложништво, тие раскажуваат за голготата низ која поминуваат (Видео)

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утрово се собраа во двете бази на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда од 4:30 часот, но автобусите не тргнаа по возниот ред. Работниците се собрани во кругот на базите и протестираат, барајќи исплата на септемвриската плата.
Од снимката која ја објави „Телевизија 24“, се забележува револтот кај насобраните штрајкувачи, кои пред камерите откриваат дека доцнењето на платите им претставува сериозен проблем, особено што како што укажуваат имаат деца на кои треба да им обезбедат храна, а за тоа немаат пари. 
- Овде сум поради тоа што уште не ни е исплатена плата. Јас како самохрана мајка, детето го израснав во овие автобуси. Очекувам што побрзо да не исплатат, бидејќи веќе не се издржува. Јас гладна легнав, гладна станав, а што да кажам за лекарствата кои треба да ги купам - вели Макфире Шахири, една од ретките жени возачи во ЈСП Скопје која во комапнијата е 17 години.

Вработените пред камерата на „24“ посочија дека во претпријатието има и други многубројни проблеми, дека им се врши мобинг на вработените, но потенцираат дека со доцнењето на платите проблемите станале неподносливи. Проблемите му ги посочија и на директорот на ЈСП, кој беше присутен во базите на компанијата. 
- Се додека не не повикаат, дали градоначалничката или директорот, се додека не го решиме овој проблем, нема да продолжиме со работа. Ако денеска не дојдовме со жените и децата, утре ќе дојдеме. Па нека објаснат они зошто се децата турка присутни. Гледате дека не е само проблемот со платата, туку има многу проблеми. Еден нешто да каже одма го праќаат во Ѓорче под казна. Тоа е мобинг, но тоа не се признава. Сега ќе одиме сите барања да се реализираат, не се трпи вака. Со писмо побарав да не се доцни со платата, сите јавни претпријатија земале плата освен ние. Им се извинуваме на патниците, денеска остануваат без превоз, но не по наша вина, вината е кај нив. Синоќа во град Скопје, наместо да расправаат за ЈСП, тие се натегаа меѓусебно - укажа еден од вработените во ЈСП. 
Како што јавува Сојузот на Синдикати на Македонија, „директорот на ЈСП, Александар Стојковски неовластено ги снимаше работниците што беше забележано од камерите на новинарите, а не кажа зошто не дошол да исплати плата“.

Тие потенцираат дека синдикалците и работниците на една страна сплотени против односот на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, и в.д директорот на ЈСП, Александар Стојковски кои се на другата страна од работниците.


Во меѓувреме од ЈСП Скопје и град Скопје до медиумите пристигнуваат мејлови во кои обвинуваат дека поради 20тина луѓе цел град се држи во заложништво. 

Од утринава, дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк. Овие дваесетина лица немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк. Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, истите согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот. Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани. Уште вчера Град Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни 5 дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на Министерство за образование и општините. Апелираме до членовите на управниот одбор на ЈСП да постапат согласно нивните законски обврски, во спротивно ќе бидат дел од кривичната пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието - се наведува во соопштението од ЈСП.

Со своја реакција се јавија и од Градот Скопје од каде велат дека уште во текот на вчерашниот ден, а веднаш по завршување на вонредната седница на Советот на град Скопје изготвена е одлука за пренамена на средства со кои ќе се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП Скопје. 

- Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, денес, градот Скопје изнајде решение за итна исплата на средствата. Ги повикуваме советниците од Советот на град Скопје уште веднаш, денес, да закажат вонредна седница на Советот како би можело веднаш да се изгласа ова решение и веќе утре вработените во ЈСП да ги добијат своите плати, кои, ќе бидат исплатени во рамки на законскиот рок, а не задоцнети. Исто така, сакаме да апелираме до оние кои ги инструираа дел од т.н. синдикалци да обезбедат правна помош за истите, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права денес ја попречија работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни. Одговорност мора да има, па затоа ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување на прекин на работните задачи на вработените. Одговорност ќе бараме и од членовите на управниот одбор. Сакаме да потенцираме уште еднаш, одлуката за пренамена на средства за исплата на незадоцнетите плати е изготвена уште вчера, и затоа апелираме претседателот на Советот на град Скопје да ја закаже седницата во најкус можен рок - се наведвува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината