ЈСП ПРОДОЛЖУВА СО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ, Град Скопје објави дека платите се обезбедени
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022
Од Град Скопје соопштуваат дека ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот изнајде решение „за вештачки предизвиканата криза во претпријатието“.
- Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови - се истакнува во соопштението испратено од град Скопје.