29 Април, 2024
0.0801

ЈУГОСЛОВЕНСКА СТАТИСТИКА: Кој сѐ се појави на погребот на Тито

Објавено во: Свет, Стил 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Југословенската новинска агеција „Танјуг”, погребот на Јосип Броз Тито го нарече “Самит на човештвото“ поради тоа што имало делегации од скоро сите држави на светот.

“Биографијата на Тито“ на Џеспер Ридли има запишно 50 државни делегации со имињата на членовите кои дошло да му оддадат последна почит на југословенскиот лидер.

На погребот на Тито, присуствувале 25 претседатели на држави, 9 премиери,5 кралеви, 4 принца, 3 министри за надворешни работи, 2 канцелари, 2 члена на владата на Куба, 1 претседател на парламент, 1 министер за образование, 1 министер за финансии, 1 генерален гувернер (претставник на Британската круна во Канада), 1 заменик премиер, 1 голем војвода, Роберто Родригез Варела претставник на Аргентина без титула и лидерите на Либија Муамер Гадафи, Полска Јерузелски и на СССР Брежњев чии титули не можат да се сместат во стандардната категоризација.

Државнички најјака делегација дојде од Западна Германија која беше составена од целиот државен врв - претседателот, канцеларот и министерот за надворешни работи. Беше присутен и целиот државен врв на Австрија, Италија, Португалија, Велика Британија и СССР.

Најнеобични делегации имаа Велика Британија во која премиерката Тачер беше придружувана од британскиот претставник во Титовиот штаб за време на Втората светска војна. На чело на делегацијата на САД се наоѓаше мајката на тогашниот претседател Џими Картер, а од Египет присуствуваа синот и ќерката на претседателот Насер. Тоа што Картер не се појави на погребот наиде на критики во САД посебно од Буш Постариот.

Многубројни беа и претставниците на разни движења и организации од кои можат да се издвојат: Јасер Арафат лидер на тогаш непризнатата Палестина, Мохамед Абделази претседател на делимично признатата Сахарска Арапска Демократска Република, лидерите на Социјалистичкта партија на Чиле Карлос Алтамирано и Клодомиро Алмеида и други.

Според протоколот делегациите требало само да положат цвеќе пред ковчегот на Тито. Сепак поголем дел од делегациите му се поклониле вклучувајќи ги и Тачер и Брежњев. Јасер Арафат го испрати со војнички поздрав, а Садам Хусеин се задржа толку долго покрај ковчегот што мораше да биде замолен од луѓето од протоколот да замине за да може да продолжат делегациите со оддавање на почест.

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)