Јужна Кореја тврди дека развила моќно оружје кое може се да парализира
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2017
Јужна Кореја, наводно, развила технологија способна да ги парализира севернокорејските енергетски системи во случај на потенцијален воен судир.
Јужна Кореја развила технолгија која му овозможува на Сеул да создаде таканаречена бомба која би можела да ги парализира енергетските системи во Северна Кореја во случај на потенцијален воен судир, пренесуваат локалните медиуми.
Новинската агенција Јонхап наведува дека технологијата ја развила Агенцијата за развој на одбраната во рамки на јужнокорејскиот систем за превентивни напади.
Агенцијата додава дека таа технолгија е фокусирана исклучиво на погодување на електроенергетските системи на ширење на jaглеродни графитни влакна преку електрични постројувања кои го попречуваат електроенергетскиот систем.
Владата на Јужна Кореја неодамна најави дека “внимателно ја следи ситиацијата со оглед на можни провокации на Пјонгјанг поради годишнината на партијата на Северна Кореја“, по извештајот дека Северна Кореја се подготвува да лансира уште една балистичка ракета.
Пјонгјанг често закажува слични тестирања околу важни годишнини. Оваа недела се обележува доаѓањето на Ким Џонг ун на место на генерален секретар а годишнина од основањето на владеачката партија се паѓа во вторник, соопшти претходно агенцијата Јанхап.