Кадаре: Тетово e најпознатиот илиро-албански град на светот
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022
Албанскиот писател Исмаил Кадаре денеска е прогласен за почесен граѓанин на градот Тетово, а признанието му го додели општината. Советот донесе одлука тој да биде почесен граѓанин.
Во своето обраќање, 86-годишниот писател, го нарече Тетово „најпознатиот илиро-албански град на светот“.
„Ме радува што слушам убави зборови од читателите на Тетово, а сега имам можност да се сретнам со нив. Првпат доаѓам во Тетово, но писателот секогаш го чувствува тоа во душата и во своите дела. Верувам дека и понатаму ние ќе комуницираме преку моите дела и преку вашите зборови. Им се заблагодарувам на граѓаните на Тетово кои дојдоа овде лично да се сретнат со мене“, рече Кадаре.
Тој живее во Париз и е член на Француската академија, а во кариерата како писател, поет, романсиер и драматург, има добиено повеќе светски награди.
Фото: Општина Тетово / Фејсбук