04 Мај, 2024
0.0236

Каде полесно би си купиле дом, во Њујорк или во Лас Вегас?

Објавено во: Анализа 01 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Со брзо темпо продолжуваат да растат цените на куќите во САД. S & P, кој ја одразува динамиката на цените во 20 од големите градски региони на земјата, се зголеми за 13,3% во септември на годишна основа, откако во август се зголеми за 12,8%, пренесе Bloomberg. Прогнозата на економистите анкетирани од новинската агенција, беше за годишен раст од 13 отсто. Месечниот раст на индексот е 1%, откако во август во однос на јули порастот беше 0,9%. Најсилен раст на цените е забележан во Лас Вегас - 29,1%, и Сан Франциско - 25,7%. Најслаб раст е регистриран во Њујорк - 4,3%. Податоците покажуваат дека, сепак, во многу региони на земјата пазарот почнува да се забавува, вклучувајќи ги  Лас Вегас, Лос Анџелес, Тампа и Сан Диего. Продавачите веќе не се склони на многу отстапки, бидејќи купувачите се натпреваруваат за сè помалку имот на пазарот. Затегнатото нудење испоставува основна поддршка на цените на куќите. "Нема знаци за забавување на пазарот во оваа фаза", коментира за медиумите Џим О'Сливан, главен економист на консултантската компанија High Frequency Economics LLC. "Пазарот на труд се опоравува, довербата на потрошувачите и на бизнисите во економијата се подобрува и јас очекувам на продажбата исто така да се зголеми", додава експертот. Истовремено податоците за новите градежни дозволи покажуваат дека секторот на недвижностите во САД ќе продолжи да биде динамичен во наредните месеци поради зголемената побарувачка. Во октомври одобренијата за градба се зголемени за над 6 отсто до 1,03 милиони на годишна основа, што е највисоко ниво од јуни 2008 година. Растот на издадени одобренија за градење на multifamily станбени згради продолжува да го превзема темпото на пораст кај одобренијата за градба на семејни домови. K. K.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад