13 Мај, 2024
0.0366

„Каде што се одгледувало тутун, друга култура не расте!“

Објавено во: Агробизнис 03 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Рамковната конвенција за контрола на тутунот усвоенa од страна на Светската здравствена организација, со која се препорачува намалување на површините со тутун и на субвенциите за овој вид производство, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија. Примената на оваа конвенција, сметаат од Комората, ќе влијае негативно врз тутунопроизводството, но и врз економскиот развој на државата. Со намалувањето на производството ќе биде засегната егзистенцијата на многу семејства, а на почвата на која се одгледува тутунот, не може да се одгледува друга култура. „Рамковната конвенција е процес кој ќе трае. И да се донесе, Македонија не е обврзана да ги спроведе препораките, но ако почнат голем број земји да го намалуваат производството, тој процес ќе се одрази и кај нас“, посочи Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Од Комората апелираат надлежните институции да испратат свои претставници на состанокот што при крајот на овој месец треба да се одржи во Женева и да го изнесат ставот во врска со препораките од оваа Конвенција. Во меѓувреме, државата мора да ги задржи постоечките површини со тутун и да продолжи со поддршката за производството на оваа култура, велат од СКМ. Во Македонија се одгледува ориентален тутун кој е застапен само три до четири проценти во цигарите. Во 2013 година беа произведени 29 илјади тони тутун, а годинава се очекува многу поголем принос. Годишно во светски рамки се произведуваат осум милиони тони тутун. Најголеми произведувачи се Кина, Бразил и Индија, а во земјите од Европа најмногу тутун се произведува во Турција.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?