14 Мај, 2024
0.0240

Каде во светот има најмногу жени бизнисменки?

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Источна Европа и Русија имаат најмногу жени на високи функции во бизнисот, победувајќи го секој друг регион во светот, покажуваат податоците во извештајот "Women in Business", подготвен за изминатата 2015 година.

Околу 40% од лидерските бизнис позиции во Русија се пополнети од жени, што е далеку повеќе од 26% во Западна Европа.

Во последната деценија топ позициите во бизнисот не се само за мажите, особено во регионот на Централна и Источна Европа. Во 2004 година eдвај 19% од менаџерските позиции беа пополнети од жени, а денес нивниот удел достигна 22% од сите лидерски позиции во бизнисот.

Источна Европа е добар пример за успехот на жените во бизнисот, бидејќи во регионот 35% од врвни позиции во бизнисот се раководени од претставнички на понежниот пол.

Прогрес има и во Европската унија, каде што на 26%  од менаџерските позиции се  жени во споредба со само 17% во 2004 година.