18 Мај, 2024
0.0268

Каде живеат милионерите во САД?

Објавено во: Свет, Стил 21 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Новото истражување на „Phoenix Marketing International“ покажува дека државите Мериленд и Конектикат можат да се пофалат со најмногу милионери по глава на жител во САД.

Според истражувањето 7.7% од сите домаќинства во Мериленд имаат средства за над 1 милион долари (во нив не се вклучува основното живеалиште), што ја прави државата број еден за концентрација на милионери во земјата. Тоа значи дека едно на секои 13 домаќинства во Мериленд е милионерско.

Конектикат се рангираше на второто место, а 7.3% од домаќинствата таму можат да се пофалат со средства со над 1 милион евра. Челната тројка се оформува од Хаваи со 7.25%.

Студијата опфаќа 12-месечен период, кој е завршен во јуни. Концентрацијата на милионери е поголема во помалите држави со образовано население или блиску до големите центри, каде се создава богатство. Мериленд, на пример, се наоѓа во близина на главниот град Вашингтон, додека Конектикат е поблиску до Њујорк.

„Во областа на Вашингтон има јавни набавки, технолошки сектор, како и други извори на богатство“, вели Дејвид Томпсон, управен директор на „Phoenix Marketing International“. „Во Калифорнија, исто така има многу богати луѓе, но има и многу метрополи во кои луѓето не се толку богати.“

Едни од најпознатите страни кои напредуваат во однос на концентрацијата на милионери се наоѓаат во Среден запад и западниот дел на САД. Минесота отскокнува со пет места во рангирањето, до број 11, 6% милионери по глава на жител. Колорадо се придвижува со четири места до 14-то. Таму 5.85% од домаќинствата се со статус на милионери.

Монтана пак отскокнувашест места, до 33-тото место, со 4.84% милионери. Од компанијата го насочуваат прогресот на овие држави кои ги насочуваат нивните економии и подобрувањето на состојбата на пазарот на трудот.

Лошо претставените држави во рангирањето се различни и не се поврзани со одреден регион или економски тренд. Род Ајленд паѓа со седум места во рангот - до 19-тото место, со 5.81%, додека Невада губи четири места до 41-то, со 4.57%. Мисисипи е Американската сојузна држава со најмала концентрација на милионери, а под 4% од домаќинствата таму имаат средства над 1 милион  долари. Северна Дакота забележа најголем раст на милионерите кон јуни 2015 година, во споредба со една година порано - над 10%. Зголемувањето се одразува на зголеменото богатство поврзано со нафтената индустрија.

Според Томпсон сепак нафтените држави веројатно ќе бида меѓу најголемите губитници во рангирањето во следната година, бидејќи ниските цени на нафтата се очекува да донесат повеќе сериозни последици. „Енергетските Држави, како Аљаска, Северна Дакота и Оклахома, може да бидат погодени“, вели тој.

Најнаселената држава Калифорнија има и најмногу милионери - вкупно 772 555 домаќинства. Втората најголема држава по население Тексас се рангираше на второто место и по број на милионери со 490 634 домаќинства. Просечната стапка на домаќинствата со средства за над 1 милион долари во САД е 5.4%.

Според истражувањето на „Phoenix Marketing International“ во 2015 година за прв пат над 1 милиони американски домаќинства имале средства за над 5 милиони долари. Оваа група од населението во САД се зголеми за 5%.

Метрополниот регион со најмногу милионери пак бил Њујорк, каде што бројот на луѓето со средства со над 1 милион долари е зголемен над 10 000 за 12-месечниот период до јуни и достигна вкупно речиси 480 000 домаќинства. Лос Аламос, Њу Мексико, повторно е областа со најмногу милионери по глава на жител. Над една осмина од домакиствата таму имаат средства со повеќе од 1 милион долари. Населението во Лос Аламос е мало, а во локалната економија доминираат најплатените научници од Националната лабораторија во Лос Аламос.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население